Радио Милева

Мали сигнали: Даниел Кајмакоски и порача на оваа српска пејачка дека ја сака, а сега имаше средба со истата!

Мали сигнали: Даниел Кајмакоски и порача на оваа српска пејачка дека ја сака, а сега имаше средба со истата!

Даниел Кајмакоски по разводот со Кристина Димитриевска живее во соседна Србија каде што работи на професионалниот живот, а кога станува збор за љубовно поле тука не открива премногу детали.

Кајмакоски претходната година учествуваше во регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“ каде што ја и однесе победата.

Меѓутоа, една непријатна ситуација предизвика рекација и Даниел се најде во сите регионални медиуми. Имено, тогаш додека тој во Бекстејџ се подготвуваше за имитацијата на Тејлор Свифт и ги покажувал лакираните нокти, фоторепортерите го фотографирале додека ги држи рацете во форма на „двоглав орел“ или симбол на „Голема Албанија“.

Пејачот тогаш се огласи и истакна дека немал  никаква намера туку тоа била сосем случајна поза додека ги покажувал ноктите.

Ова предизвика реакција кај медиумите, но и неговите колеги кои повеќето го поддржаа.

Меѓу нив и српската пејачка Едита Арадиновиќ која тогаш исто така беше дел од ТЛЗП и му порача на Кајмакоски дека го сака.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/po-skandalot-vo-tlzp-poznatata-srpska-pejachka-mu-se-zalepi-na-kajmakoski-vazno-e-deka-se-sakame-foto/

Меѓутоа, деновиве Даниел повторно се најде во студио и тоа на РТС (националната телевизија во Србија) каде што учествуваше во шоуто „Луда ноќ“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/luda-nokj-daniel-kajmakoski-se-najde-vo-drushtvo-na-devojkite-od-hurikejn-a-eve-koj-e-povodot/

Кајмакоски на својот „Инстаграм“ објави фотографии од атмосферата и селфи со некои од учесниците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on

На една објава, Едита му искоментира:  Поздрав до двајца „лепотани“ и додаде симболчиња со срциња.

Но, ни нашиот пејач не остана должен, па и порача дека ја сака.

фото: принтскрин/инстаграм/едитаарадиновиќ

Набргу по овие два коментари, двајцата пејачи оставарија средба, а тој момент го забележаа со својот мобилен телефон.

Поточно, Арадиновиќ во кусите приказни на „Инстаграм“ неколку минути пред полноќ сподели фотографија со Даниел, а во описот напиша: „Реунион“ односно средба.

фото: принтскрин/инстаграм

Дали Даниел и Едита се сретнале поради некоја музичка соработка, или можеби го освежиле пријателството од ТЛЗП или пак има нешто друго….останува да видиме.

 

View this post on Instagram

 

Ladies and Gents this is the moment you’ve waited for.. @editaaradinovic #thequeen #tlzp5 #allstars

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on

To top