Студиската верзија на песната „Боите на љубовта“ со која женскиот поп-рок бенд The Chicks на годинешното, 32. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип ја освоија наградата за најдобра дебитантска песна, веднаш потоа почна да се врти по македонските радија, од неодамна стана достапна и на Youtube.
Автори на нивната прва песна се самите The Chicks, а за истата аранжманот го направил Дино Зукиќ, во чие домашно студио – Dino’s Home Studioпесната и е снимена. Текстот на „Боите на љубовта“ го напишал Стефан Марковски.
За истата е направено интересно анимирано видео чиј автор е Влатко Рикалоски.
Слушнете ја во продолжение и уживајте во позитивните вибрации кои извираат од неа… Можеби ќе ви го разубави остатокот од денот!