Промотер

Макфестовска победничка Антонија Гиговска со видео за првонаградената „Никогаш не вели никогаш“ (ВИДЕО)

Макфестовска победничка Антонија Гиговска со видео за првонаградената „Никогаш не вели никогаш“ (ВИДЕО)

Победничката на 33. издание на фестивалот  на забавни мелодии „Макфест 2018“,младата Антонија Гиговска го претстави видеото за првонаградената композиција „Никогаш не вели никогаш“.

Ова авторско дело на нејзините веќе редовни соработници – хитмејкерскиот братско-сестрински тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, собра најмногу гласови и од жирито и публиката, а сето тоа сега е дополнето и со одлична визуализација, за која се погрижил режисерот Даниел Јовески.

Во урбаната и романтична екранизација, каква и што доликува за една млада пејачка ѕвезда како Антонија, се појавува и машкиот модел Павле Николов. 

Како звучи победничката тема на „Макфест 2018“  слушнавте, а сега дознајте и дознајте како изгледа нејзината визуелизација во продолжение:

To top