Во актуелната сезона на најпопуларното регионално музичко талент натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ македонските преставници без главни ѕвезди. Македонија покажа дека има потенцијални кандидати за големото финалето, а многумина веруваат дека токму еден од нив ќе биде нашиот Јасмин Алиевски, за кого уште отсега велат еден од најсериозните претенденти за победа.
Скопјанецот јавноста го знае како учесник во ова шоу уште од пред неколку години, но овојпат за разлика од порано, со своите досегашни преставувања во оваа сезона никого не остави рамнодушен. Така беше и сега, на неговиот последен настап на кој тој ги освои сите гласови од жири-комисијата.
Тоа го потврди и големиот шеф кој рече: „Јасмин е убедливо најдобар кандидат од Македонија“ – кажа во еден момент Саша Поповиќ.
Причина повеќе да му се верува на Поповиќ е и фактот што Јасмин се појави на сцената болен, со температура 38,5, но машки го издржа настапот на кој речиси совршено ги донесе и двете песни: „Остала си увјек иста“ од Мишо Ковач, но отпеана во верзијата на Тоше Проески и „Срце није камен“ , одново од македонската музичка икона, кој очигледно е идол на Алиевски.
Настапот на Јасмин можете да го погледнете на 2:43:00 на видеото подолу.
Вториот македонски претставник, поточно 18-годишната претставничка Милица Ризо Трајков од Кавадарци во истиот миг кога се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“ слободно може да се каже дека го шокираше и жирито и публиката, а веројатно и ТВ гледачите во целиот регион.
Имено, младата кавадарчанка се појави на грандиозната сцена во ултра екстравагантно и провокативно издание, па со својата еротска појава и перформанс никого не остави рамнодушен.
Милица налик на белградската „мала од скандала“ Јелена Карлеуша на себе носеше еден вид провиден комбинезон во вид на проѕирна мрежа под која јасно се гледаше интегрираната долна облека од црни гаќички и градник со светкави апликации, кои само ги потенцираа парчињата кои горе и долу ја покриваа интимата на пејачката.
Младата кавадарчанка појасни дека за нејзиното издание вечерва се погрижила дизајнерката Боркица Квин од Кавадарци, чија смела креација беше пофалена од Цеца, додека пеењето…
Трајков за својот настап доби и пофалби и критики проследени со четири гласа што и обезбедија место во баражот, по кој на крајот таа сепак мина во следниот круг.
Но толку не се коментираше нејзиното пеење колку што тема на муабет беше екстравагантно – провокативниот изглед на смелата тинејџерка која во слободното време се занимава со модерен балет.