За настапот на Цеца во Скопје на неодамна одржаниот Светски ромски бал се уште се зборува.
Неочекувано и коментирано беше и нејзиното модно издание кое го избра за на сцена, а со слична варијанта од скапиот комплет на Цеца се спореди и македонската ТВ водителка Ирена Спировска.
Овој македонско- српски моден дуел на социјалните мрежи е само сличен и далеку од ист, но евидентно е дека потсетува еден на друг.
Во случајот не станува збор за тоа кој кого копира, туку во поглед на следењето на трендовите и актуелностите кои што ги пласира модната индустија, а познатите добро знаат да ги износат.
За ваквиот свечен и предимензиониран металик комплет во машки крој од сако и „оверсајз“ панталони, Цеца избра од познатиот бренд „Retrofete“ кој чини околу 1600 евра, додека Ирена исто така носи дизајнерски потпис и тоа домашен.
View this post on Instagram
Ваквите светкави костум комплети се ултимативен моден хит периодов, а Ирена го забележа сличниот избор со Цеца, па самата ја направи споредбата со балканската дива.
За вкусови не се дскутира, па Ваше е да изберете која повеќе ви се допаѓа…
фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic / irenaspirovska / Tik Tok/ retrofete.com/ privatna arhiva