Оние кои ги следат новите музички трендови кои најмногу ги допираат младите, се сеќаваат на македонски трап артист, Македонецот кој живее во Париз, а тргна да прави интернационална кариера и таму, но и во Македонија и регионот под уметничко име Стар Бој (Star Boy).
Преку ноќ ја стекна својата медиумска популарност, но очигледно не само со своите песни, музика и видеоспотови и темите од суровата реалност кои во нив ги третира како што се „Cash game“, „Mad“, “Motorsport“… .
Имено, додека песните тукушто почнуваат да му се вртат по радиостаниците, а видеоспотовите по телевизиите и Јутјуб, на социјалните мрежи Стар Бој веднаш почна некому да боде очи! Ако е на конкуренцијата би било сосема нормално, зашто колку и да е здрава, конкуренција никој не трпи, па иако не е ниту коректно ниту етички, можеби е и логично да има и по некој збор што не треба или „валкани игри“ за да се „оцрни“ конкурентот, иако работите во неговиот случај ќе се одвиваат по сосема обратен редослед. Најпрвин со конкуренцијата договориле соработка, а „валканите игри“, како што тврди самиот артист, дошле потоа…
Имено, Ванчо, како што му е вистинското име на Star Boy следејќи ги приликите со сцената и музиката која ја изведува стапува во контакт со членовите на дуото „2Бона“, како водечки изведувачи во правецот кој е тренд не само во Македонија, туку и во регионот. Откако ќе исконтактираат, Стар Бој им кажува дека има готов проект, 3-4 веќе промовирани песни со видеа, а наскоро излегува и негов албум со 8 траки, па им предлага соработка со нив и „Горила ТВ“ и предлага да се сретнат.
Одговорот на „2Бона“ (Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито) е дека најпрвин Стар Бој мора да им испрати 6-7 свои песни, за да ги преслушаат, па заеднички сите во продукцијата да одлучат дали е тоа за кај нив или не е, што македонскиот артист кој живее во Париз и го прави.
Откако добива од нив само пофални зборови и комплименти, како сето тоа е супер, како е топ, дека може да соработуваат, да биде дел од „трап кланот“, го викат во студио кај нив да се договорат за деталите и идните планови.
Арно ама, како што обично бидува, кога треба да се финализираат деталите и договорот, се појавува „ѓаволот“ кој лежи токму во деталите…
Наеднаш веќе ништо не е исто, почнува нешто да не штима, ја снемува почитта… Започнува љубомората, стравот од конкуренција или нешто трето… Артистот вели дека ја знае причината , ама ќе ја каже во друга прилика.
„Ги прашав дали им одговара зашто во спротивно мене не ми одговара соработка само за една песна или само за спотовите да бидат пуштени, сакав промоција на целиот материјал. Ми викаат – океј, нема проблем, формираме моментално збир од најдобри артисти така што те имаме во предвид“ – почнува да ја раскажува приказната Стар Бој.
„Веднаш се договоривме за датумот, се сеќавам ја поместија песната на “Dijana OG” за да ја објавиме мојата, бидејќи им кажав битен ми е датумот за првиот сингл – 23 ноември. Ова ми звучеше во стил како најава за ‘sign up’. Им реков нема проблем, но сакам да видам какви услови нудите, што добивам, а што губам ако се обврзам. После објавувањето на првата трака ја објавивме и втората ‘Mad’, но јас почувствував дека нешто не штима, како одненадеж да се изгуби респектот, онака наеднаш, без причина…“ – вели Стар Бој.
Кога доаѓа на ред објавувањето на третата трака и спотот за „Моторспорт“ работите почнуваат и отоврено да се „мешаат“…
„Стига на ред третата трака ‘MotorSport’, ама работата е ‘повуци-потегни’, држ – недај… Си викам кај им е професионалноста на дечкиве едно зборат друго прават. Прво покажаа интерес, респект, божем топ е, одлично, а после ништо… тапа“ – ја продолжува приказната Стар Бој.
Потоа доаѓа клучниот момент, откако ќе бидат објавени трите спота, Стар Бој тврди дека почнува да ги брка за датум за промоција на целиот проект „Infinity“, но агонијата само се продлабочува.
„Почнуваат да ме мотаат дека не се тие одговорни, демек имаме тим кој одлучува. Преку ноќ се’ се менува одново. Од тоа што е договорено – нема ништо. Пу, пу – не важи. Јави му се на Желе (извршен продуцент), него му пишувам, а тој се прави на Тошо. Ти реков, ми рече… ме мотаат.
Видов колку е саат дека со ку**они си имам работа, си викам не си троши време и живци. Си го постирав албумот на мојот канал и на дигиталните платформи. Тие цело време пратат будно шо се случува. Ама ништо да спомнат, само се неми набљудувачи“ – се потсетува Стар Бој на ситуацијата.
По извесно време сепак еден од „дечките“ од „2Бона“ пробал да го исконтактира Стар Бој, кој пак студено, но сепак учтиво му одговара:
„По извесно време оп, ете ти го Тони(то)… Ми пишува: Тука си брат ? На што јас му одговарам професионално и учтиво: Барај ме на мобилен или преку е-маил. (Не сме веќе браќа за на вибер). После еден или два дена повторно на вибер ми пишува: „Брат вака да знаеш, еден исти бит имаме…“ Или што би рекле, одеднаш имаме иста трака? И до ден – денешен е така“ – тврди Стар Бој алудирајќи на тоа дека намсто договорената соработка „2Бона“ всушност „му ја позјамиле“ песната!?
Огорчен од измамата, Стар Бој тврди дека тие не се она за што се претставуваат, не се ни лабел ниту пак професионалци во тоа шо го работат, па решил да се обрати до јавноста и медиумите.
„Ниту покажаа почит кон мене како артист, некој шо носи нов уникатен звук и видео записи какви шо нема во Македонија. Не пак на нивниот канал. Очигледна е љубомората и зависта од самата моја појава како артист на сцената. Бум спотови јаки, вести, портали, ТВ појавувања, албум, веб портал, гардероба, свој бренд, у Париз живее, има кеш, уникатен е… знаете како се размислува: Да не му даваме многу простор, оти може да не пое*е – тоа е менталитетот“ – вели Стар Бој, кој јавно им порача:
„Е од такви примери како вас живеам во Париз и не планирам да се вратам никогаш. Музика правам од љубов, а не за пари, реален сум во неа, максимално и брутално искрен (знам ви пречи), ама је*ига, ако се пронаоѓате не е мој проблем. Не е ни чудно шо сцената ни е таква каква што е… И да, не ве мразам, супер музика правите, не можам да речам, тоа шо сте фејк е друго“ – им порача Стар Бој на несудените „соработници“.
Фото: Приватна архива/Јутјуб/Инстаграм принтскрин/starboyofficial23