Пандемијата со коронавирусот ги стопираше и снимањата на претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Меѓутоа, неодамна музичкото шоу продолжи со снимање таму каде што застанаа односно со третиот круг.
Она што е ново кога станува збор за „Ѕвездите на Гранд“ е што продукциското жири има нов член односно Александар Милиќ Мили кој ќе биде задолжен за новите 120 кандидати кои се пријавиле преку онлајн аудициите. Тие нови кандидати ќе се борат против старите кандидати од претходната сезона.
Во музичкото шоу, во претходните месеци на сцената на „Гранд“ имаше и неколку македонски кандидати кои успеајаа да го поминат и вториот круг.
Бидејќи деновиве повторно започнаа снимањата, македонските претставници исто така се вратија во едно од најпопуларните музички шоуа.
Тие на социјалните мрежи се пофалија со резулатот. Некои поминаа директно во третиот круг, а некои мораа да го напуштат натпреварувањето.
Александар Јосифовски кој е под менторство на Ѓорѓе Давид ги освои сите гласови и помина директно во следниот круг.
„5 од 5. Фала ви на сите, цела моја фамилија во која спаѓа и Ѓорѓе Давид Николиќ. Одиме понатака. Фала ви другари, фала ви публико“, напиша Александар на својот Фејсбук.
Понатаму продолжи и Мими Јовановска која со својот последен настап го воодушеви жирито и сите и порачаа дека така треба да се пее.
„Директно во 4 круг“, напиша Мими во кусите приказни на Инстаграм.
Во следната фаза помина и Гоце Бошковски кој преку социјалните мрежи истакна дека поминал во 4 круг.
И Мите Стоилков ќе го гледаме во четвртото продолжение од „Ѕвездите на Гранд.
Меѓутоа, Сања Тодоровиќ која беше под менторство на Јелена Карелуша за жал го напушти музичкото шоу.
„За жал, Сања испадна од натпреварувањето, се надеваме дека ќе ја слушаме во некоја од следните сезони“ се огласи тимот на Јелена.
Како македонските кандидати ќе се претстават пред жирито, какви коментари и оценки ќе добијат, дали ќе има повеќе критики или пофалби, останува да видиме.