По тешко боледување, на 67 годишна возраст почина најпознатиот регионален текстоипец, Марина Туцаковиќ.
Имено, во 2018 година на Марина и беше дијагностицирано рак на дојка и отогаш се бори со тешката болест. Претходната недела на Туцаковиќ и се влоши здравствената состојба, беше позитивна на коронавирус и ставена на респиратор.
За жал, таа ја изгуби битката со опасната болест.
Туцаковиќ е најпознатиот текстописец во регионот, има напишано голем број хитови за Лепа Брена, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ, Дара Бубамара, Ана Николиќ, Аца Лукас и многу други.
Српските естрадни уметници со емотивни пораки преку социјалните мрежи се простуваат од жената за која велат дека таква никогаш нема да се роди и жената која како скенер ги познавала нивните души.
Од Туцаковиќ преку „Инстаграм“ се простуваат и македонските јавни личности споделувајќи нејзини познати, мудри цитати.
Дарко Димитров
Лина Пејовска
Мими Јовановска
Бојана Скендеровски
Калиопи Букле
„Колку е тешко да се простите од најголемите. Ти благодарам за стиховите и вистината која ја делеше со нас. Се останато е историја“.
Сања Савеска
Антониа Гиговска
„Немав среќа да ве запознам и низ убава енергија и на мене да ми напишете текст. Оној кој сите ќе го пејат. А тоа ми беше желба. Почивај во мир“.
Тамара Тодевска
Елена Стефановска
Лила Филиповска
Мелита Ракиќевиќ
Огнен Здравкоски
Нина Ристовска
фото: притнсркин/инстаграм/luka sarac