Промотер

Македонските ѕвезди пеат за подигање на јавната свест за аутизам (видео)

Македонските ѕвезди пеат за подигање на јавната свест за аутизам (видео)

Со цел подигање на јавната свест за лицата со аутизам, прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството, невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со бројни македонски уметници, ја создадоа песната„Растеме заедно“.

Песната и спотот се од хуманитарен карактер и во нивното сoздавање сите учесници учествуваа доброволно.

„Растеме заедно“ е авторско дело на текстописецот и композитор Весна Малинова Бабамов, аранжманот е на Дарко Тасев, клавијатури Влатко Георгиев, виолина Филип Волкан, а е снимена во студиото AleXanDeR на Александар Ристовски Принц.

Учесници се (редоследно како во песната): Кристина Арнаудова, Весна Гиновска Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Miyatta, Драган Спасов Дац, Петар Младеновски (Суперхикс), Филипа Гелевска, Горан и Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин) и Ева Ѓорѓеска.

Сценариото и режијата на спотот се на Koma design studio – Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Јосифовски и Небојша Гелевски. (МИА)

To top