Радио Милева
со шест ѕвезди

Македонскиот трап артист „Стар Бој“ е џентлмен во Париз: „Формата е моментална, класата е вечна“ (ФОТО)

Македонскиот трап артист „Стар Бој“ е џентлмен во Париз: „Формата е моментална, класата е вечна“ (ФОТО)

Македонецот кој живее во Париз, а тргна да прави интернационална кариера и таму, но и во Македонија и регионот под уметничко име Стар Бој (Star Boy), е еден од ретките артисти кој умее животот да го живее со стил. По неодамнешниот престој дома во родната Македонија и настапот во скопскиот летен ноќен клуб „Мусандра“, каде остави силен впечаток и создаде позиривна енергија меѓу него и публиката, траперот се врати во Франција.

Во градот на љубовта, уметноста и светлината, сепак Ванчо, како што му е вистинскот име, има само една љубов… И тоа во неа е вљубен на прв поглед. Затоа секогаш кога ќе се сретнат, макар и на поминување, новото видување СтарБој  секогаш го овекувечува  со нова фотографија од неговата љубена убавица – Ајфеловата кула во Париз.

Иако делува „мртов ладен“ дури и середе зафрканција, во СтарБој сепак чука нежно срце… Толку нежно, што секогаш паѓа на убаво напипшани стихови поезија… Макар тие не биле ништо посебно и ситно платени, сепак нема пари со кои се купуваат францускиот шарм и македонскиот инает.

Токму за инает на душманите, СтарБој животот го живее со шарм и стил, па после две – три пијачки и самиот станува подложен, да биде поетски расположен…

А поезијата и квалитетниот пијалак не одат без две нешта кои се одраз на животната култура: убавите жени и добрата пура!

За нив секогаш мора да најдеш време, да си расположен, да бидеш вистински џентлмен…

Иако,  како и сите ние, и СтарБој можеби секогаш не  е во врвна форма, ама… „Формата е моментална, класата е вечна“, како што и самиот умее да каже, особено ако си на пат да станеш ѕвезда. Или можеби тоа веќе и си…?

Впрочем, како поинаку да се објасни ова селфи во огледало  со самоуверена порака: „Во хотел со пет ѕвезди кога ќе влезам, автоматски станува со шест“!

Шегата на старана, та било шега или вистина, СтарБој навистина е на добар пат да го освои регионот… За некој ден ( 23. јули 2023) му излегува новата, дует песна со бугарскиот рап артист  „Душков 24“ (_dushkovv__twenty4) – „International drill“ па да видиме што направиле (т)раперите, каков музички македонско-бугарски дил за разлика од политичарите?!

Фото: Инстаграм/starboyofficial23

Останати вести од Радио Милева