Радио Милева
среќен татко

Македонскиот пејач ја покажа тримесечната ќеркичка (фото)

Македонскиот пејач ја покажа тримесечната ќеркичка (фото)
фото: Антонио Станковиќ/антонио12ант

Македонскиот пејач и некогашен учесник во „Ѕвездите на Грнад“, Филип Божиновски и неговата сопруга кон крајот на месец август станаа родители.

Имено, пејачот за својот роденден го доби најубавиот подарок – ќерката Софија.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/veselo-filip-bozinovski-slaveshe-za-ragjanjeto-na-kjerkata-a-eve-koe-ime-go-odbra-za-naslednichkata/?ai-debug=0

Тој не е претерано активен на социјалните мрежи и не објавува често фотографии од својот приватен живот.

Меѓутоа, сепак  направи исклучок и за првпат го покажа лиценцето на својата тримесечна ќерка.

Поточно, неговата сопруга на „Инстаграм стори“ објави фотографија со Софија и го означи Филип, а тој истата објава ја сподели во кусите приказни на својот Инста профил.

„Мојот свет“, стои кратко и јасно како објаснување на фотографијата.

фото: инстаграм

Инаку, Филип и Сања беа 12 години во врска и се две години во брак.

Останати вести од Радио Милева