Кога станува збор за фановите и обожавателите на познатите тие понекогаш се подготвени на се за да им покажат на своите идоли колку ги сакаат.
Покрај тоа што присуствуваат на нивните концерти, ги знаат нивните песни и ја следат нивната кариера понекогаш знаат да направат и некое изненадување.
Македонскиот кандидат во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски деновиве доби пријатно изненадување пред врата.
Имено, некој пред неговата врата во раните утрински часови оставил срциња изработени од хартија.
Пејачот со пријатно изненадување се пофали на социјалните мрежи, но не откри кој стои зад изненадувањето.
Дали станува збор за тајна обожвателка или некој друг не знаеме.
Инаку, Стефан претходната сезона се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а оваа сезона повторно ќе може да го гледаме во музичкото шоу кое започнува во септември.