Радио Милева микрофонот го замени со микроскоп

Македонскиот фолкер „лечеше со песна“ во Белград, а сега лечи со алтернативна медицина во Цирих! (ФОТО)

Македонскиот фолкер „лечеше со песна“ во Белград, а сега лечи со алтернативна медицина во Цирих! (ФОТО)

Многумина од вас, особено љубителите на фолкот  од средната генерација сигурно се сеќавате на некои од неговите хитови: “Ангела”, “Ако бевме заедно”, „Јужна пруга“ „Лила“, „Анита“, “Ако умрам без збогум”…

За среќа, се’ уште е жив и здрав, па дури и грижата за туѓото здравје му стана примарна професија, за разлика од пред тоа, кога Зоран Ванев се грижеше само за туѓата забава и расположение.

Освен во Македонија, голема популарност доживеа и во Србија каде беше еден од првите Македонци кои станаа познати во Белград со своите песни неменети за регионалниот пазар, испеани на српски јазик, познати хитови кои и денес се’ уште се слушаат и  се пејат.

Но, како што се појави, така преку ноќ и исчезна од музичката сцена. Замина без збогум од Штип за Белград, потоа за Виена, па откако се засити или разочара (!?) од естрадата, реши „да умре како пејач“, да се собере и пресели во Швајцарија и… одново „да се роди“ како лекар!

Зоран Ванев, „сврте нов лист“ во животот, микрофонот го замени со микроскопот, па денес живее и работи во Цирих, каде се занимава со медицина. Естрадната ѕвезда, докторот за фолк забава, сега е лекар кој не лечи души со песна, туку болести со алтернативни методи на природна база!

Ванев има своја  клиника која во Цирих се наоѓа до самата железничка станица Шлирен. Во меѓувреме Д-р. Ванев дипломирал на „Парацелсус академијата за алтернативна медицина“ во Цирих, и е првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата „Доктор за природна медицина“.

Гранка во медицината која е призната во целиот свет, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија. Се занимава со лекување на сите врсти на болести, што би рекле доктор за се’…  што може да се лечи!

До душа, од музиката  никогаш до крај не се откажал, па во план му е одново нешто  да сними. Пред се’ убава, квалитетна песна, која ем ќе се слуша, ем ќе остане за навека!

Епа докторе, како се прави таква, белким го знеш рецептот!?

 

View this post on Instagram

 

https://youtu.be/wK8Q2D9vQAs

A post shared by Zoran Vanev (@vanevzoran) on

 

To top