Македонката Елеонора Миљковиќ која повторно се врати во реалното шоу „Задруга“ беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“.
Во емисијата таа откри детали од својот приватен живот.
Така на прашањето дали е точно дека физички се пресметувала со нејзиното поранешно момче, таа одговори:
„Да, точно е. Јас кога ќе се изнервирам….тоа се уште го немате видено во „Задруга“ и се надевам дека нема да го видите, јас понекогаш сум насилна. Кога не можем да решам со зборови, тогаш…вели Елеонора.
Александра Суботиќ и предложи да најде момче кое е пониско од неа, а Елеонора откри дека сака високи момчиња.