Радио Милева желна за слава...

Македонската ријалити девојка се (пре)сели во Белград: Елеонора станува водителка на една српска телевизија (ФОТО+ВИДЕО 18+)

Македонската ријалити девојка се (пре)сели во Белград: Елеонора станува водителка на една српска телевизија (ФОТО+ВИДЕО 18+)

Скопјанката Елеонора Миљковиќ или само Нора, засега единствената македонска преставничка во најгледаното реалното шоу  во регионот „Задруга“, не престанува да изненадува. Елеонора уште додека беше дел од овспоменатото ријалити  на прва ги освои симпатиите и на останатите учесници и на публиката, особено онаа од посилниот пол.

А како и не би, кога беше една од ретките, особено што доаѓаше од средина која се смета за поконзервативна која застана „пиштол гола“ пред камерите. До душа само под млазевите на тушот во бањата, но сепак…

Уште тогаш Нора беше решена дека може и мора да остане забележана, па ги покажа сите свои природни убавини онака како што природата ја надарила од глава до петици , од под пазуви до глуждови…

Годините потоа сексапилната скопјанка иако не се занимава со јавна професија беше често на страниците на таблоидите и порталите… И македонските и српските, а реалциите со некои од тогашните ријалити ѕвезди како Слоба Радановиќ или Луна Ѓогани… продолжи да ги одржува и негува и до ден денес.

Последното нешто со што Нора беше забележана во јавноста беа неодамнешните естетските корекции. Најпрвин  на градите, па на усните… И ако дотогаш беше расна, бујна, атрактивна и сексапилна убавица, потоа Нора стана „цицлеста кралица“! Откако реши да ги коригира и надгради, сега Елеонора Миљковиќ има совршени гради!  Но за комплетно блаженство, цицлестата убавица, покрај бисерните заби, надградбата на косата, маникирот, педикирот… направи уште едно мало дополнение на својот изглед, овој пат на своите, ионака полни усни.

И ако некој се прашува: Чуму сето тоа кога не е јавна личност, веројатно се излажал, зашто Нора деновиве сама го даде одговорот. Имено македонската ријалити ѕвезда гостуваше на ТВ Пинк, или поточно на новоформираната Ред ТВ, каде во емисијата „Прашувам за другар“ одговареше на прашања, коментираше, но и откри неколку нови работи за себе. Пред се’, каде е сега и со што се занимава… Или барем има таква намера?!

Имено, Нора верувале или не,  се (пре)сели да живее во Белград!

Не се преселив во Белград без причина“ – изјави Нора, па откри дека причината не ниту заради забава, ниту нова љубов со некое тамошно момче, туку работа… И тоа јавна, медиумска:

„Многу е можно наскоро да бидам дел од вашиот тим на една телевизија. Работам на тоа, па се надевам дека наскоро повеќе ќе се гледаме“, откри таа. Деталите не ги прецизираше, но, некако како да се насетува дека таа ќе биде токму дел од споменатата ТВ куќа во која гостуваше. Можеби присуството во емисијата беше и своевиден тест, проба за продуцентите, уредниците, сопствениците да видат дали нивната гостинка, наскоро може да стане и нивна водителка?

Патем, веројатно тука лежи и одговорот на бројните прашања и коментари и на српската јавност, зошто Нора ставила на себе толку „пластика“ кога ионака Македонката природно изгледаше „фантастика“!?

Епа затоа… Некогаш важеше максимата: „Се’ за љубов“, а сега работата поинаку се тера, па важи… „Се’ за кариера“! Да се надеваме – успеша… Што и’ ja посакуваме!

 

Фото: Инстаграм и Јутјуб принтскрин/__elle.m__

Видео: Твитер/Zadruga Official

 

To top