Во регионалните музички шоуа како што се „Ѕвездите на Гранд“, „Никогаш не е доцна“, „Пинкови ѕвезди“, „Неки нови клинци“ имаме прилика да гледаме разни македонски кандидати кои го покажуваат својот талент.
Тие на сцената на Гранд се обидуваат да остават добар впечаток, а оваа година до шестиот круг на „Ѕвездите на Гранд“ стигнаа неколку Македонци кои ќе се борат за влез во финалето.
Пред три години во „Неки нови клинци“ победи кумановката Благица Ѕунѕуровска.
Младата пејачка по победата, таа започна со снимања на видеа на својот „Јутуб“ канал.
Исто така неодамна ја издаде и својата прва песна „Не е фер“.
Меѓутоа, претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ беше стопирана поради короната, а оваа година една сезона ќе трае како две.
Како што истакна Поповиќ, 120 стари кандидати ќе се борат против 120 нови.
Така, ќе имаме прилика и да видиме и многу македонски претставници, веќе некои кои поминале, некои кои ги вратиле, но и нови македонски таленти.
View this post on Instagram
Овие денови се снимаше нова емисија, па на социјалните мрежи се појавија неколку фотографии од снимањето.
Меѓу, учесничките кои споделија селфи беше Сања Тодоровиќ, која беше вратена од продукцијата, но и младата кумановка Благица Ѕунѕуровска која позираше покрај својата колешка.
Дали пејачката одлучила повторно да се проба во музичко шоу и ќе учествува или пак дошла како нечија поддршка, останува да видиме…