Пејачката која стана позната на јавноста по своето појавување во музичкото шоу „Македонски идол“, кавадарчанката Александра Михова, му кажа „да“ на својот сакан Михајло.
Според објавите преку кои се пофали на својот профил на Фејсбук, запросувањето се случило во Палермо – Италија, а вљубените гулапчиња го овековечија моментот и открија дека си се ветиле еден на друг на отворено покрај море.
Александра не често откриваше моменти од приватноста, особено на љубовно поле, но кога веќе дошло до ваков голем момент од нејзиниот живот, со гордост се пофали дека го нашла и избрала вистинскиот.
Имено, двојката неколку дена е во Палермо, а го следеле и фудбалскиот натпреват Италија- Македонија, па непосредно ја доживеале победата на нашите.
Честитките очекувано се редеа, а повеќето пријатели им посакаат што поскоро да им играат на свадба.
Инаку, Александра по учеството во „Македонски Идол“ својата музичка кариера продолжи да ја гради со свои песни и спотови, учество на домашните фестивали за забавна мелодија, а не ги искучи ниту настапите.
фото:фејсбук/александра михова