Радио Милева

Македонската пејачка ослаби и сега има фигура дури тинејџерки да и позавидат (фото)

Македонската пејачка ослаби и сега има фигура дури тинејџерки да и позавидат (фото)

Летото е периодот за кој особено припадничките на понежниот пол се подготвуваат кога фигурата е во прашање.

Зимоска се изнагледавме фотографии од салите за вежбање, а сега е периодот за да се види резултатот. Фолк пејачката Ани Малинкова иако не беше од оние што редовно објавуваа фотографии од теретана, ова лето покажа одлични резултати.

Минатата година не ја видовме покрај море во костим за капење, но годинава иако тоа се уште не го објавила на социјалните мрежи, знаеме дека е на одмор, но и дека е во топ форма.

Имено, Ани деновиве објави една фотграфија во домашна атмосфера на која носи тесна маичка и хеланки, а очигледно е дека доста симнала од килограмите.

Пријателите и следбениците ја опсипаа со ласкави коментари дека и тинејџерки може да и позавидат на фигурата, особено на долгите и тенки нозе.

Инаку, Ани Малинкова по потекло е кавадарчанка, а нејзина снаа е познатата поп пејачка Наташа Малинкова.

To top