Радио Милева скршена од болка

Македонската пејачка ја изгуби својата „втора мајка“: „Вчера ми вети дека ќе играме на мојата свадба, а денес ме остави на мојата слава“

Македонската пејачка ја изгуби својата „втора мајка“: „Вчера ми вети дека ќе играме на мојата свадба, а денес ме остави на мојата слава“

Секогаш кога ќе загубиме некој од нашите најмили, најблиски и најсакани, болката е толку силна, а тагата толку голема, што ни ги пара срцата, ни ја кине душата, ни ги бранува емоциите и враќа сеќавањата…

За жал, таквите загуби се скојдневни… Та оделе, како што народот вели „по редот на нештата“ или се изненадни и шокантни, секако се многу трауматични, тешки и болни.

Така, македонската пејачка Зои Блаж деновиве остана без својата баба, или како што ја нарече својата втора мајка.

И покрај болката заради загубата на саканата, Зои собра сила истата јавно да ја сподели на социјалните мрежи, но во исто време и да и се зблагодари на баба и за секој убав кажан збор, секој совет, воспитувањето, почитувањето, а то што ја научила да ги препознае вредностите… Со еден збор како што самата низ својата болка вели, благодарност до баба и што ја направила да биде добар човек!

„Животот е чуден, денес си тука утре те нема… Денес ја изгубив мојата втора мајка, мајката на мојата мајка, бабичке моја најмила и најсакана зошто??? Зошто сега…? Нели вчера се договоривме дека ќе се дотераме за мојата свадба и дека ќе играме, а ме остави на денот на мојата слава… Оваа болка не се опишува… Фала ти за секој совет, фала ти за тоа што имаш дел во моето воспитување, фала ти за тоа што ме направи добар човек и човек што од едно прави две и помага на други.
Чувај ме од горе ти си мојот најголем Ангел чувар.  Почивај во мир, вечно ќе те сакам – твојата Зоре“ – напишала низ солзи пејачката простувајќи се од својата покојна баба!

 

 

To top