Мегафон не ја издржа битката

Македонската пејачка и ТВ водителка Јулија завиена во црно: Почина нејзината ќерка по тешката борба со ракот!

Македонската пејачка и ТВ водителка Јулија завиена во црно: Почина нејзината ќерка по тешката борба со ракот!

По две години борба со опаката болест, канцерот, денес почина Андријана Мациев, ќерката на пејачката и ТВ водителка Јулија. На социјалните мрежи пријателите веќе се простуваат од Андријана.

Таа почина на 41 години, беше сликар и мајка на Стефанија. Дека состојбата на Андријана е влошена и животно загрозувачка, Јулија објави уште пред неколку дена  и побара поддршка од пријателите. Андријана беше однесена на Клиниката за онкологија, каде, икако што кажа Јулија, се борела за живот.

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божјо чудо, зошто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче“ – напиша тогаш Јулија, но за жал, Андријана не ја издржа битката со опаката болест.

Нашето длабоко и искрено сочувство до Јулија за ненадоместливата загуба.

To top