Радио Милева
Светлечки сексапил

Македонската лото девојка како новогодишна елка: Незнаеш кој повеќе блеска – дали фустанот на неа или таа во него? (ФОТО)

Македонската лото девојка како новогодишна елка: Незнаеш кој повеќе блеска – дали фустанот на неа или таа во него? (ФОТО)

Македонската лото девојка и ТВ водителка Марјана Станојковска сме имале можност да ја видиме во разни изданија… кога е изгледот и гардеробата во прашање, секако! Од долна облека, провокативни костими за капење, до тренерки и кежуал гардероба, па се’ до свечени фустани и елегантни здолништа. И што и да облече – одлично и стои! А Марјана секогаш баш се труди да биде различна, поинаква, модерна, провокативна и заводлива во она што ќе го стави на себе.

Последното модно парче на неа, може слободно да се каже дека блеска… и буквално! Само не се знае кој повеќе блеска? Дали тоа на неа или таа во него?!

Свечениот фустан со големи шлицеви и светкави апликации не само што и ги истакнува убавите долги нозе на водителката, туку слободно може да се каже дека Марјана Станојковска доби светлечки сексапил!

Македонската лото девојка сјаее како новогодишна елка!  Единствено останува тајна… кој тоа се погрижил така убаво да ја „накити“!?

Останати вести од Радио Милева