Радио Милева караванот може да започне

Македонската фолкерка во новогодишно руво со гол стомак и минич: Ирена Спасовска остана доследна естрадна Баба Мразица (фото)

Македонската фолкерка во новогодишно руво со гол стомак и минич: Ирена Спасовска остана доследна естрадна Баба Мразица (фото)

Периодов е за музика, убаво расположение, здравица за поубаво утре, позитивна енергија и прзничен дух кој секој за себе треба да се потруди да си го донесе.

Ако некогаш во очи на Нова година можевме да посветочиме на шарени и светкави содржини, односно фотографии од познатите, сега тоа некако почна да бледее.

Секси Баба Мразици во костими речиси и да нема, па изненадување е дури ако сретнеме и некоја подзаборавена и репризно.

Онаа која никогаш не ја напушта и ја носи новогодишната магија во себе, па ја пренесува и на социјалните мрежи, е фолк пејачката Ирена Спасовска.

Ирена години наназад не пропушти  да си направи фотосесија како Баба Мразица, а потоа фотографиите да послушат за спомен, па и како плакат за најава на настапи.

Пејачката остана доследна Баба Мразица, а се надеваме дека годинава нема да биде и последна, па ќе ги мотивира колешките да се стокмат во едно вакво празнично костимско црвено- бело руво.

Костимот со кој годинава го најави својот музички караван односно настапи, е секси и сочинет од црвена наметка со голо раме и стомак и кусо црвено здолниште.

Бујна и секси, насмеана и со реквизит од гумено бастун лижавче во рацете, а се’ тоа како симбол на насладувувањата, оние визуелните, за секој по сопствен избор.

 

Ирена веќе ја почна работно сезоната со настапи во Штип, Скопје, Радовиш, Тетово, а закажан е и настапот за Нова година на 31-ви кога за дочекот ќе им пее на штипјани.

Агендата на Спасовска продолжува и за божиќните денови кога ќе настапува во Скопје и Струмица. Кој пее, зло не мисли, а Ирена ќе биде под полна пареа, за испраќање, дочек и почеток за убаво и мерак на другите, а и свој секако, со полн паричник.

фото:facebook/ Irena Spasovska

To top