Радио Милева различен амбиент - ист талент...

Македонската фолкерка е секси Тик-Токерка: Ирена Вељовска „меша“ подобро и од Карлеуша?! (ВИДЕО)

Македонската фолкерка е секси Тик-Токерка: Ирена Вељовска „меша“ подобро и од Карлеуша?! (ВИДЕО)

Пејачката Ирена Вељовска е една од оние фолкерки кои први станаа Тик-Токерки… Оваа популарна апликација или социјална мрежа, што ли е веќе, најмногу беше ползувана за време на карантинот во екот на коранапандемијата, каде немајќи што друго или незнаејќи што со себе, многу од познатите личности ја искористија за разни перформанси, лудости и „егзибиции“… Да имаат како да му се прикажат на светот за публиката да не ги заборави кога веќе немаше снимања, медиумски и живи настапи или чисто онака, за да не збудалат од досада и депресија од наметнатата пресија, која навистина едвај се издржуваше.

Короната полека минува, ама навиката изгледа останува… Особено ако на неа се навлечеш, па ти е убаво, а можеби и корисно кога со ново видео на ТикТок ќе предизвикаш нов шок кај својата публика со прикажаната видеослика… и прилика!

Така и Ирена, која реши одново да изненади со ново домашно видео, потенцирајќи две нешта: Своите танцувачки способности во еротски стил и сопствениот сексапил! До душа не и е ниту прв, а веројатно ниту последен пат, зашто како што веќе рековме, Вељовска како секс бомба „експлодираше“ уште во екот на карантинот, па нејзиниот „еротски танц во три чина“, се памети и по повеќе од една година.

Фолкерката „експлодираше“ во карантинот: Еротскиот танц на Ирена Вељовска во неколку чина, ќе се памети цела година (ФОТО+ВИДЕО)

Овој пат Ирена одново реши да не потсети дека е ем фолкерка, ем секси Тик-Токерка, која умее да „меша“, подобро дури и од една Карлеуша?!

Впрочем, погледнете го она што е најтазе од двете, па сами споредете…  Српската „мала од скандала“ само со минијатурна лента го покрила меѓуножјето, па со жежок еротски танц го шокираше светот: Вака „меша“ Карлеуша во тоалетот…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

А, вака тоа го прави нашата секси фолкерка, во својот еротски танц како ТикТокерка…

Исто така пред оглеало, само во домашниот ходник, доволно разголена, а на моменти и клекната на колена:

Пејачките и амбиентот сосема различни, ама дразбата и талентот, отприлика исти: Карлеуша се извива и врти како пропелер, па меша како кујнски миксер, а наша Ирена? Некои имаат домаќинска навика да мешаат ајвар, а Ирена за „мешање“… очигледно има поинаков дар!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/irenaveljovska/karleusastar

To top