Радио Милева манекенка да бидам...

Македонската актерка блесна и како манекенка: Само по бела кошула, Катерина Шехтанска е неодоливо секси и заводлива „до даска“!

Македонската актерка блесна и како манекенка: Само по бела кошула, Катерина Шехтанска е неодоливо секси и заводлива „до даска“!

Несудена балерина, некогашна членка на „златната генерација“ на балетското студио „Ребис“, денес актерка Катерина Шехтанска, кoja има успешен приватен и професионален живот.

Иако  е сопруга и мајка на две малолетни деца, на Кате годините како ништо да не и можат, зашто за атрактивната актерка тие се очигледно само бројка. Дека се’ уште изгледа божествено, а убавината и особено сексапилот кој извира од секоја пора на нејзиното тело и тоа како знае да го носи, актерката покажа деновиве кога налик на светските манекенки со сигурен чекор на газела се прошета по модната писта.

Имено, Шехтанска беше дел од модната  ревија налик на модно шоу на познатиот дизајнер од Македонија со светска слава, Изет Цури, на кое македонската актерка совршено си ја одработи улогата на манекенка.

Променета само во широка бела кошула, Кате се прошета по модната писта по која толку сигурно и суверено чекореше, што многумина прокомнтираа  дека штета што не е професионален модел. Убавите тенки нозе, ангелскиот лик и става, како и движењата со колковите, возбудата ја вклучија на најсилно, а машката публика просто ги „залепи погледите“ за убавата актерка, во случајов секси манекенка.

Љубопитноста дали Кате носи нешто под кошулата или под неа е само нејзиното голо тело, онакво какво што и го дала природата, уште повеќе ја зголеми возбудата, посакувајќи атрактивната актерка да чекори по пистата до недоглед, зашто со секој нејзин чекор вистинските мажи „ја собекуваа со поглед“!

А таа толку многу смирена и самоуверена, уште еднаш покажа како да е од Бога предодредена за уметноста и останатите „фини нешта“.  Катерина Шехтанска, неодоливо секси… и заводлива „до даска“!

Фото: Инстаграм принтскрин/katerinasehtanska

To top