Македонскиот трап артист кој под уметничкото име „Star Boy“ домашната јавност веќе го запозна, како автор, изведувач и сопственик на нов моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“ ја оствари замислената агенда: 3 песни + видеоспота до крајот на 2020 година.
По првите две „Cash game“ и „Мad“, еве ја и третата негова песна и видеоспотот за неа со наслов „Motorsport“.
Вообичаено, самиот тој е комплетен автор на музиката и стиховите, додека миксот мастерингот се изработени од Is0Miki Kuku$. И оваа тема е визуелизирана со видео, во кое домионираат, брзите автомобили, џипови, спортското возење, убавите жени, животот на цела една урбана генерација од асфалтот… Спотот и овој пат го потпишува Владислав Гавриловски, а истиот е сниман на неколку локации во Скопје.
Светлото е на Љупчо – Master Hip, фотографијата одново ја изработил на Венко Паркуера, а во новото видео на „Star Boy“ и овој пат главната женска ролја ја има македонската манекенка, мисица и модел, Кристина Димитри(евска).
Со ва „Starboy“ веќе станува етаблиран и познат трап артист за широката јавност, по што од него се очекува во 2021-та година да го реализира и остатокот на материјалот за неговиот дебитантски албум, со кој претендира да ја освои публиката не само во Македонија, туку и пошироко во регионот, кој допрва треба да го запознае Македонецот од Париз.
А вие проследете во продолжение како звучи и изгледа неговата визија за „Моторспорт“: