Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше Кристијан Јованов од Радовиш.
Кристијан се претстави со песните „Остала си увек иста“ и „Писачу јој писма дуга“. По неговите изведби тој освои два гласа, од Марија Шерифовиќ и Џорџе Давид.
Како негова поддршка во бекстејџ беше девојка која се претстави како негова пријателка. Меѓутоа, подоцна Кристијан истакна дека тоа е негова девојка, а Јелена се вмеша и го праша дали некогаш ја прашал дали сака да му биде девојка:
„Не, никогаш“ одговори Кристијан, а потоа јавно пред сите ја праша “пријателката“ дали сака да му биде негова партнерка, а таа даде потврден одговор.
Јованов доби пофални зборови од жирито.
„Во втората песна дефинитивно падна. Првата песна, речиси одлично. По акцентот сфатив дека си од Македонија и имам впечаток дека јас имам најмногу Македонци во екипата. Супер си човече, изгледаш како треба. Далеку ќе стигнеш“ изјави новиот член на жирито, Џорџе кој ќе биде ментор на Јованов.
Настапот на Кристијан погледнете го во видеото подолу,
https://www.youtube.com/watch?v=sduskldMXak&t=3127s