Во најновата емисија кај Жаре во „Еден на еден“ која се емитуваше вчеравечер, гостинка беше пејачката Тамара Тодевска заедно со нејзината ќеркичка Хана.
Освен тоа што ги раскажа нејзините планови и очекувања за претстојната Евровизија, Тамара се наврати на спомените од детството, тинејџерските години, летувањата со другарките, раѓањето на децата, но и на тоа како сега веќе нејзиниот сопруг Александар ја запросил.
Овој детаљ од приватноста Тамара првпат го изнесе пред јавноста, а беше доста интересен бидејќи саканиот убаво се намачил додека и понуди брак.
Тогаш живеевме во помал стан. Мајка му и татко му беа дојдени за да ги запознаам и всушност тие се испланирале, дека ќе имаме и веридба и се, јас немав поим и тој ден кога дојдоа тие, се договоривме дека немаме каде да спиеме, а за да не одат тие во хотел, ајде ние ќе одиме. Стануваме сабајлето, тој станува, а јас сум кома, чека да станам и чека, чека, јас во другата соба. Почна да вика, абе љубави дојди да доручкуваме, му викам абе после. Некој ѕвони на врата и тој ми вика, доручек ни носат, дојди. Јас пак, добро де ајде, после ќе појадуваме. Носат појадок од пиле млеко, само една чинија беше покриена со капак. Станав јас, си го земам цедениот сок и се враќам во кревет. Тој седи си чека, пак вика абе дојди да јадеме, јас – не ми се јаде. Те молам дојди вика, види што убаво ни спремиле и добро станав. Можеш да замислиш, се отворено само едно со капак, ми вика како не ти текне да го отвориш, а јас си тргнувам и си јадам, а нели не ми се јаде. Јас го прашувам, а што има во тоа? Нишо рече, не јадам јас од тоа. Си чека тој да отворам. Кога отворив, ааааа! Внатре само прстенче!- го раскажа Тамара моментот на запросувањето.
Во продолжение можете да ја погледнте целата емисија од гостувањето на Тамара во „Еден на еден“.