Светски познатата пејачка Мајли Сајрус не престанува да изненадува со постапките во својот приватен живот. Таа според најновите информации и објави, повторно му се врати на машкиот пол.
Мајли продолжува да ниже скндал за скандал, а откако се разведе и менуваше љубовници, во медиумите се појавија шокантни новости.
Имено, Мајли Сајрус и нејзиното нонов момче Коди Симпсон се тема на многу гласини. Иако се пишуваше дека раскинале, парот очигледно и понатаму ужива во романсата.
Светските медиуми пишуваат дека чекаат дете, а интересно е што еден магазин наведува дека бременоста е всушност одмазда на Мајли кон поранешниот сопруг, Лиам Хемсворт.
За некои медиуми, пријател на пејачката рекол дека Мајли забременила со новото момче, со кое е во врска само половина година, а детето сакаат да го израснат во Австралија.