Колку и да се труди да делува позитивно и насмеано, најновите настани во животот на пејачката Мајли Сајрус ја доведоа до целосен нервен слом, кој почна опасно да влијае на нејзиното психо-физичко здравје.
Пејачката најпрво се разведе од својот долгогодишен партнер Лијам Хемсфорт, а потоа се обиде да ја олесни својата тага со врската со Кејтлин Картер, манекенка и инфлуенсерка со која се обиде да го излечи скршеното срце.
Сепак, откако заврши и таа врска, Мајли остана сама и според извор на странски медиуми, престанала да јаде и драстично изгубила тежина.
„Таа едвај јаде нешто, повремено зема овошје, но тоа е се’. Таа е ослабена а и има само 40 килограми, нејзините ребра се гледаат“, вели изворот.
Пејачката одбива да јаде затоа што мисли дека со полн стомак се чувствува депресивно и тврди дека ќе ја изгуби целата контрола врз нејзиниот живот. За да ги влоши работите, таа се врати на лоши навики кои вклучуваат пиење и конзумирање марихуана, пренесува „TeenStar“.
„Мајли целосно се исклучи од реалниот живот и пуши марихуана по цел ден. Таа верува дека со тоа го храни своето тело и душа подобро од која било храна“, додава изворот.