Радио Милева некогаш и сега...

Мајката на ријалити старлетата Дениз Дејм денес работи како чистачка, а некогаш била светски топ модел и манекенка (ФОТО)

Мајката на ријалити старлетата Дениз Дејм денес работи како чистачка, а некогаш била светски топ модел и манекенка (ФОТО)

Старлетата Дениз Дејм привлекува големо внимание со скандали уште од првото појавување во „реалното шоу „Задруга“.

Таа често истакнуваше дека повеќе пати била лекувана од зависност од наркотици, и дека одново им се враќала на пороците, а најмногу беше озборувана и омаловажувана  за време на јавната интимна врска во бањата со еден свој цимер во споменатото реално шоу.

И додека сите беа згрозени од споменатите факти, денес осамна малку посветла тема која сигурно ќе ве изненади.

Имено, Дениз има згодна мајка, за која често зборуваше за време на учеството во Задруга 5.

Старлетата признала дека нејзината мајка сега работи како чистачка, но секогаш ја држела главата високо и гордо истакнувала дека тоа е чесна работа.

Дениз на својот профил на Тикток откри и дека нејзината мајка некогаш била модел и манекенка, а во младоста ретко кој можел да и парира на нејзиниот изглед. Дека приказните за нејзината убавина се вистинити, погледнете на фотографијата подолу.

Фото: Инстаграм принтскрин/denisedameofficiel

To top