Мајката на Александра Пријовиќ откри дека на денот на свадбата на нејзината ќерка не можела да ги задржи солзите радосници и дека едвај чека да има внуци.
Мајката на пејачката, Борка Михајловиќ вели дека Александра е центарот на нејзиното внимание. Уште како мала имала визија дека Александра ќе успее во животот и дека ќе биде многу среќна.
На денот на свадбата на нејзината ќерка кога пристигна во домот на Живојиновиќ, Борка пушти солзи радосници.
„Им посакав се најубаво и следната година да имаат дете. Тие многу се сакаат и заслужуваат да бидат среќни.Срцето ми е полно бидејќи Александра ја пронаде среќата. Сами ми кренаа солзите радосници, верувам дека така се чувствува секоја мајка. Убаво е кога ќе го видите детето во венчаница, изјави Борка.
фото:зорана јевтиќ
На прашањето какво зет е Филип, мајката на Пријовиќ одговори:
„Каков може да посакате. Навистина е прекрасно момче. Во семејството сите го обожаваме.Уште на почетокот ја имаа нашата поддршка и веруваме дека нивната љубов ќе има среќен крај. Во семејството сите се радуваме и секако очекуваме да ни подарат и симбол на нивната искрана љубов, заврши Борка.
Инаку, родителите на Пријовиќ се разведени, но се во добри односи. Исто така разведени се и родителите на Филип, Зорица и Слободан Живојиновиќ, па Филип порасна со татко му Слободан и пејачката Лепа Брена која му беше како мајка.