Дијана Ѓоковиќ, мајката на еден од најдобрите тенисери на сите времиња, го отвори срцето за време на гостувањето во емисијата „Додека ангелите спијат“. Меѓу другото, таа го објасни значењето на амајлијата што ја носи околу вратот и што чувствува кога го гледа Новак како се бори со противниците на теренот, но и со себе. Како и секоја мајка, не и е лесно и единствено важно е детето да и е добро.
Дијана признала и дека има некои ритуали пред спиење, дека праќа молитви за своите најблиски, особено за нејзиниот најстар син, кога е соочен со голем предизвик.
– Пред спиење кажувам молитви, во зависност од тоа за кого се наменети. Задолжителна е и благодарноста, за секој ден што го поминав со некого, било да е тоа деца, пријатели, што и да е. Кога станува збор за Новак, му испраќам некоја мисла или порака што можеби ќе може да ја слушне. Мечот со Федерер на Вимблдон 2019 беше најтрауматичниот што сум го доживеала, сите беа против него, го исвиркаа… Во моментот кога Федерер ја имаше точката на мечот, го допрев крстот што го носам на синџирот заедно со рекетот и реков „Ти го можеш тоа“. Така беше. Има нешто таму. Велат дека мајчината молитва е најсилната молитва. Го упатувам на моите деца, без разлика дали е Новак, Марк или Ѓоле.
Секакви чувства ја обземаат додека го гледа Новак како се соочува со противникот, честопати несимпатичната публика, за време на натпреварот. Тој трет предизвик е најтежок, според Дијана.
– Не еднаш го гледавме како страда, како не може да дише, со раскрвавени нозе… Можеби не можете да го видите на телевизија, но јас го гледам, му го гледам изразот на лицето, можам да ја препознаам неговата состојба кога ќе излезе на теренот. Кога ќе го стави тој пешкир преку глава, и кога ќе го тргне, има сосема поинаков израз на лицето, завршува Дијана.
фото:Profimedia/Twitter