Пејачот Драган Којиќ Кеба освен Наташа и Игор има и ќерка од вонбрачна врска која никогаш не сакаше да ја признае, пишуваат српските медиуми.
Таа сега има 19 години, а нејзината мајка Лилјана Јевремовиќ повремено објавува постови во врска со пејачот.
Тоа го направи и сега, кога објави фотографија од својата ќерка Ина и со истата статус во кој го „боцна“ Кеба.

-Мојот херој не го сака татковото презиме ни валкана слава, не го сака татковото богатство, горда и храбра девојка која издржа тон неправди, ги фрли зад грб и продолжи понатаму, пишува во описот на фотографијата.