Радио Милева и недостига внуката

Мајката на Дарко Лазиќ за бившите снаии: „Ана ми брани да ја гледам Лорена, ми прати порака дека ќе ме тужи, со Марина немам проблем“

Мајката на Дарко Лазиќ за бившите снаии: „Ана ми брани да ја гледам Лорена, ми прати порака дека ќе ме тужи, со Марина немам проблем“

Мајката на Дарко Лазиќ, Бранка Лазиќ вели дека го подржува синот во неговите одлуки, дека не му се меша во љубовниот избор, но го советува да живее во Германија.

Како што вели и недостига внуката Лорена која  Дарко ја има од бракот со Ана Севиќ, а внукот Алексиј од врската со Марина Гагиќ често е гост во нивниот дом.

Пејачот моментално живее на релација Брестач – Берлин, а сега има и нова девојка односно е во љубовна врска со Барбара Бобак.

Мајката на Дарко за блиц.рс вели дека не се меша во неговите избори, но дека ги чува внуците.

„Помладиот син има две ќерки со кои поминувам многу време. Сите внуци се поврзани со мене. Не ги делам, сите се еднкави за мене. Алексиј често го гледам. Кога ќе посакам, Дарко или Марина ќе ми го донесат. Лорена не ја гледам често. Не зборувам за тоа бидејќи не сакам Ана да се налути, со неа е многу тешко. Со Марина сите останавме во добри односи. Немаме никаков проблем. Тоа што тие не можат повеќе да бидат заедно, тоа е нивна работа.Не им се мешам, само знам дека кога ќе сакам да го видам детето тие ми го носат и тоа е најважно“, вели мајката на пејачот и додава дека секојдневно и недостига постарата внука.

„Многу ми е жал за Лорена, ми недостига. Не ја гледам често, тешко е. Се надевам дека кога ќе порасне сама ќе доаѓа. Јас сум за тоа мајката да ги воспитува децата. Но поради нивни несогласувања, ние сме казнати да не ја гледаме често. Не ја видов околу шест месеци“, вели Бранка.

Ана изјави дека поранешниот маж ја довел во непријатна ситуација бидејќи не ги средил потребните документи со момчето на кое го продал автомобилот кој бил на нејзино име.

Бранка застана во одбрана на синот и вели дека поради тоа  Севиќ и пратила порака дека ќе ја тужи.

„Не кажав ништо лошо за Ана. Проблемот настана околу продажбата на автомобилот. Кога им потврдив на медиумите дека е на нејзино име, таа ми прати порака дека ќе ме тужи. Во животот никогаш не сум била на суд, ниту пак имав таков проблем со некој да се судам. Не знам што се случи со тоа, можеби ја повлече тужбата. Не ја коментирам бидејќи не сакам да имам проблеми“, вели госпоѓа Лазиќ.

фото: Милан Илиќ/рас србија/ јелена жигиќ/александра ивановиќ/ принтскрин/петар марковиќ

To top