Пејачката Наташа Беквалац признава дека најголема поддршка и е нејзината мајка Мира.
„Мајка ми најмногу ми помогна во кариерата. Многу е важно кога детето нешто ќе прави или кога ќе одбере нешто со што ќе се занимава во иднина, да има поддршка од родителите. Со оглед на тоа што мојот татко беше фудбалер, па фудбалски тренер, често не беше дома и не беше со нас, беше таму каде што го водеа ангажманите, но мајка ми беше таа која секогаш беше со нас, посебно со мене и таа е одговорна за она што денес ми се случува“ вели Наташа.
Меѓутоа, мајката на Наташа, Мира во разговор откри многу работи за ќерките, а и раскажа една анегодата која никогаш не ја заборавила.
„Тешко е да се биде мајка на Наташа Беквалац. Од работата до нејзиниот приватен живот. Многу е тешко бидејќи затоа што и ние заедно поминува низ тоа, нејзиниот емотивен и професионален живот, така да не е лесно“ вели мајката на Наташа.
„Ја обожаваше Беби Дол, и Беби учествуваше на Тобоган и Наташа зема автограм од неа. Таа го чуваше тој автограм, а јас во една прилика ја чистев ќуката и го фрлив тој лист. Дојде и ме праша каде е автограмот од Беби Дол. Кога и кажав дека го фрлив, со часови плачеше. Морав со ламба да одам во контејнерот. Погледнав дали некој ме гледа и бркав во контејнерот и замисли, го најдов. Го најдов и го вратив. Искрено, не знам и не ме интеренсира што подоцна направи со него“ вели Мира.