Радио Милева го посети родното место

Мајка за пример: Maдона за своите посвоени деца направи прекрасен гест за празниците

Мајка за пример: Maдона за своите посвоени деца направи прекрасен гест за празниците

Кралицата на поп музиката, Мадона, објави серија видеа на социјалната мрежа Инстаграм, во кои се пофали дека за време на празниците  заедно со своите деца патувале во Малави.

Ѕвездата, која има шест деца – две биолошки и четири посвоени од Африка, ги донесе своите посвоени деца во земјата каде што се родени.

Мадона објави видео на кое може да се види дека со своите деца ја посетила детската болница, семејството на нејзиниот посвоен син Дејвид Банда, таа откри дека го посетила и претседателот на Малави, со кого разговарала за иднината на оваа земја.

– Топлото срце на Африка – напиша пејачката во описот на видеото на кое се гледа како нејзината ќерка ужива од авион во сончевите зраци над Африка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Мадона ги посвои својот син Дејвид Банда (15), ќерката Марси Џејмс(15) и близначките Стела и Естер во Малави, и отсекогаш учествуваше во бројни хуманитарни настани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


Пејачката успеа да отпатува во Малави и покрај фактот што таа земја ги затвори своите граници поради пандемијата на коронавирусот, но американските граѓани можат да влезат и да ја напуштат таа земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Потсетуваме, Мадона има и две биолошки деца, 24-годишната Лурдес која го доби со поранешниот тренер Карлос Леон, додека 20-годишниот син Роко го доби со поранешниот сопруг и режисер Гај Ричи, со кого беше во брак 8 години.

To top