Весна Вукелиќ, попозната како Венди, Вандета – Берета или кралицата на панаѓурите, е српска пејачка, актерка, модел, водителка и учесник во разни реални шоуа.
Таа е позната во јавноста со години, но малкумина знаат како всушност изгледа нејзината наследничка, Николета.
Имено, Весна е во брак многу години со поранешниот фудбалер Бранимир Бањац, со кого ја има ќерката Николета.
Венди не сака да зборува премногу за својата ќерка, а во една прилика ја коментираше со зборовите:
„Ќерка ми е всушност мој производ. За да ја заштитам од се’, затоа што е девојче со висока памет, ја пратив да тренира тенис на возраст од три и пол години. Сега е тениски судија и моментално студира на државниот универзитет, на Економскиот факултет“ – рече Венди и додаде:
„Таа не ја сакаше таа празна афирмација, тоа силување на социјалните мрежи иако јас секогаш можам да ја туркам да работи каква било јавна работа, но за мене тоа е утопија! На тој начин, детето се сервира како свинска глава на послужавник“ – рече Венди за својата ќерка Николета.