Маја Николиќ, позната по својот раскошен глас и кариера на која повеќето можат да и позавидат, последните неколку месеци е во центарот на вниманието поради провокативните фотографии и објави.
Таа често се огласува на социјалната мрежа „Инстаграм“, а нејзините следбеници со нетрпение ја очекуваат секоја нејзина објава, како поради нејзиниот остар јазик и коментари, така и поради нејзините воодушевувачки слики. Во новиот сет на фотографии на Дејан Милиќевиќ, пејачката се надмина себеси кога се во прашање провокациите. Маја застана пред објективот на фотографот многу смело, како од мајка родена.
Својата раскошна биста ја покри со рацете, а обемниот чаршаф и ги прекри најинтимните делови од телото.
Николиќ ги истакна сите облини кои ги има во преден план, а во фокус се колковите и градите. Со овој храбар потег таа ги помести границите и објасни како изгледа флертувањето со границата на добриот вкус и дека разголените фотографии не мора нужно да бидат вулгарни.
Многумина коментираат дека Маја неодоливо потсетува на периодот пред неколку години кога го снимаше сега веќе легендарниот спот за песната „Ако веруваш“, а таа уште еднаш докажа дека годините не и можат ништо.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Маја Николиќ/Дејан Миличевиќ