Маја Маринковиќ вели дека нејзиниот татко Радомир Маринковиќ Таки и купува танга и ја тера да се облекува секси.
Учесничката на „Задруга 6“, Маја Маринковиќ изјави дека Таки ги платил сите нејзини пластични операции бидејќи смета дека младите девојки треба да бидат привлечни.
– Го имам најдобриот татко на светот! Тој ме сака како Бог! Самиот ме воспитуваше и секогаш ми ги исполнува сите желби. Кога треба да купам нешто, само му се јавувам. Ми купува алишта, пижами, фустани, парфеми, шминка, трепки… Сè! Тој знае каква големина на гардероба носам и какви работи ми се допаѓаат, па имам доверба во него дека ќе го избере најдоброто и најубавото – вели старлетата и додава дека Таки бил заслужен и за нејзиниот стајлинг при влегувањето во „Задруга. “:
-Се одлучив за долг затворен фустан. Ми рече: „Што носиш?! Треба да влезеш како ѕвезда и да бидеш привлечна, а не како некоја баба“. Го послушав и се пресоблеков! Таки мисли дека треба да изгледам секси бидејќи сум убава и млада!
Маја открла дека ги искеширал сите нејзини посети кај пластичниот хирург:
– Ми плати силиконски гради, намалување на нос, зголемување на јаболчниците… Па, ваљда е подобро татко ми да го плати сето тоа отколку некој спонзор!
Фото:Принтскрин/Милош Рафаиловиќ/Ата Имаџес