Промотер прерасна во комплетен кантавтор

Магдалена Цветкоска – Ена ви го нуди „Најдоброто“… од себе! (ВИДЕО)

Магдалена Цветкоска – Ена ви го нуди „Најдоброто“… од себе! (ВИДЕО)

Млада, убава, згодна, шармантна, со скриен сексапил, кој не сака да го експонира, зашто веројатно нема потреба за тоа… Нејзините телесни атрибути и убавина се потенцијал на кој можат да му позавидат многу познати убавици од естрадата и тоа не само од домашната, туку и од регионалната. Но, зошто би го истакнувала она што го има на себе, кога за неа многу повеќе зборува она што го носи во себе. Оној другиот, креативниот, авторскиот, лирскиот потенцијал кој преку нејзините стихови е вткаен речиси во секој македонски хит или секоја балада што ќе остане, во последниве десеттина години.

Пишува стихови за сите, но најретко за себе… Можеби затоа беше и крајно време девојката која ги пишува најубавите текстови на македонската естрада да се појави со нова песна.

„Најдоброто“ е насловот на новата песна на една од не само најквалитетните текстописци, туку и македонски женски вокали, Магдалена Цветкоска – Ена.

Помина повеќе од една година откако Ена ја издаде последната песна, но специјално за овие празнични денови, односно за денот на љубовта и виното, згодната пејачка и текстописец реши јавноста да ја почести со една прекрасна тема, овој пат како кантавтор, зашто музиката и текстот ги потпишува токму самата таа, а нејзиниот брат – хитмејкерот Лазар Цветкоски, овој пат бил задолжен само за аранжманот и продукцијата.

„Ова е лесна љубовна песна која ми беше готова веќе подолго време, но решив да и ја подарам на мојата публика за денот на вљубените и виното. Таа е ѝ најава за следните песни кои ги подготвувам, а ќе бидат објавени во периодот што следи“ – ветува Цветковска.

Ова се супер вести со оглед на тоа дека Ена и нејзиниот тим веќе имаат подготвени неколку песни, а дел од нив ќе добијат и своја видеоприказна.

Она што е важно да се потенцира, дека Магдалена Цветкоска ако до сега ја знаевте само како текстописец и женски вокал, овој пат таа се реализира и како комплетен автор, зашто самата  се потпишува на сите нови песни кои допрва ќе имате можност да ги слушнете.

Ова е „Најдоброто“ од  Ена, но само засега… Јаготката на шлагот од Магдалена Цветковска, допрва следува. Дотогаш уживајте во понуденото „парче од музичкиот колач“, во „Најдоброто“:

To top