Радио Милева
далеку од проблемот

Мадона прв пат во јавноста откако беше на работ на смртта: Поп иконата се врати на редовниот живот (фото)

Мадона прв пат во јавноста откако беше на работ на смртта: Поп иконата се врати на редовниот живот (фото)

На крајот на јуни пејачката Мадона беше пронајдена во несвест, по што итно беше пренесена во болница и сместена на интензивна нега. Таа колабрирала поради бактериска инфекција која и го нападнала имунолошкиот систем, а по неколку дена познатата пејачка била пуштена дома.

Во неделата, 9 јули, кралицата на попот беше забележана за прв пат откако се врати на редовниот живот. Мадона сега се појави на Upper East Side во Њујорк. Во таа прилика носеше широка црна маица, долги шорцеви и шапка со широк обод, а на нозете имаше бели патики. Лицето го сокрила со големи очила, а ја имала и својата кабала нараквица, која ја учела во текот на 2000-тите.

@laurenconlin4 #MADONNA #madonnafans #madonnaforever #celebritysighting #laureninterviews #nyc #newyorkcity ♬ Lucky Star – Madonna

– Изгледаше многу добро и расположена – ексклузивно раскажува за Ок! вели очевидецот и додаде:

– Одеше малку полека, но изгледаше како да сака само малку да излезе надвор.

Фото: Принтскрин/Инстгарам/Мадона

Останати вести од Радио Милева