За поп-кралицата Мадона, возраста не е никаква пречка за разголување и провокација.
Иако ја живее седмата деценија од животот, односно наскоро ќе наполни 62 години, Мадона постојано шокира со своите постапки.
Неодамна потврди дека ставила силикони во задникот, кои нималку не изгледаат привлечно, а сега се фотографираше по танга и со провиден градник, а глетката не им се допадна на многумина.
„Моментална гардероба. На сите кои се навредени со оваа моја фотографија им давам до знаење дека дипломирав на „University of Zero F*ks Given“. Ви благодарам што дојдовте на мојата церемонија“, напиша Мадона покрај фотографијата, а потоа следеа различни коментари.
Фотографијата ја искоментирала и бремената пејачка Кејти Пери. „О, Боже мој! Штотуку се запишав на тој факултет.“
Меѓутоа, на повеќето од фановите не им се допадна фотографијата на пејачката.
„Не сакаме ова да го гледаме“, „Жено, собери се“, „Одвратно и непримерно“, се само некои од коментарите.