Радио Милева
Недостижна

Мадона го обнови рекордниот статус: Поп пејачката повторно е најпродаваната изведувачка на сите времиња (фото)

Мадона го обнови рекордниот статус: Поп пејачката повторно е најпродаваната  изведувачка на сите времиња (фото)

Се чини дека кралицата на попот Мадона е неодостижна кога станува збор за продажба на музика и заработка од неа, според Гинисовата книга на рекорди.

Познатата американска пејачка, која деновиве е на турнеја низ светот на својата турнеја „Celebration“ по повод одбележувањето на четириесет години од својата легендарна кариера, го обнови рекордниот статус на најпродавана изведувачка на сите времиња.

Мадона минатата година за време на интервјуто за „Ноќното шоу“ со Џими Фалон изјави дека во текот на нејзината кариера има продадено над 400 милиони плочи – албуми, синглови и дигитални синглови.

Иако е тешко да се добијат точни бројки за продажбата, нашироко е познато дека само Битлси, Елвис Присли и Мајкл Џексон продале повеќе плочи ширум светот, што ја прави Мадона најпродаваната пејачка на сите времиња.

Уште поимпресивно е што таа го држи овој рекорд од 2009 година, а никој друг не се доближил да ја победи, според Гинисовата книга на рекорди.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Мадона/Х

Останати вести од Радио Милева