Пејачката Мадона (64) итно била сместена на интензивна нега откако била пронајдена во несвест во Њујорк. Пејачката мораше да биде интубирана за да може да дише, а нејзиното семејство мислеше дека ќе умре.
Неименуван роднина проговорил за „Дејли мејл“ и рекол дека семејството е во страв, бидејќи Мадона „ја става кариерата пред своето здравје и така ќе биде додека не умре“.
“Целото семејство се подготви за најлошото, а неколку дена беше неизвесно дали ќе се извлече. Ова е голем повик за будење за Мадона, таа се премори со подготовките за турнејата и мислеше дека е неуништлива. Поради неизвесниот исход, беше одлучено за нејзиниот престој во болница да се чува во тајност“, изјавил роднина на познатата пејачка.
Мадона има шест деца, Лурд (26), Роко (22), Дејвид и Мерси (17), како и десетгодишните Стела и Естер. Додека семејството се подготвуваше за најлошото, а фановите на социјалните мрежи испраќаа желби за оздравување, најстарата ќерка на пејачката објави провокативни фотографии на Инстаграм. Лурд објави фотографија од музички фестивал, каде позира во корсет кој едвај и ги покрива градите.
Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм/Лурдеслеон/Танјуг