Радио Милева име што сите го знаат

Мачката на Игор Џамбазов го има најпопуларното име… ама, ај погодете као се вика? (ФОТО)

Мачката на Игор Џамбазов го има најпопуларното име… ама, ај погодете као се вика? (ФОТО)

Македонскиот шоумен, актер и водител Игор Џамбазов одмара во Дојран. Личен, бричен, малку гитара за забава на околината, малку „Фук – так“, малку кај „Истатов“, Игорче си го тера летото по свое.

Се разбира не е е навикнат да биде сам, па во отсуство на поконкретно женско друштво, друштво му прави таа… Неговата нова пријателка, неговата нова верна друшка, црно белата мачка.

И додека народот во државава ги преживува криминалните будалаштини на „Боки Тредичи“ и чека да дознае кои се неговите инспиратори, помагатели, организатори, па се до „ортаците на ќарот“, Игор има едно прашање за сите. Поставено преку постирана фотографија  на неговата мачка:

Хомо-сапиенси, арни сте? Не сте, не сте… Ја малце на фризер, па на одмор“.

На кого алудираше шоуменот  преку оваа јасна асоцијација, останува на Вас да нагаѓате… А не е тешко, само ако се потсетите откако исчезна на два – три дена, кого го фатија во кадар прво на фризер, а пред некој ден и на одмор, на масажа на плажа?

 

Погодувате нели? Епа сега, уште полесно ќе ви биде и да погодите како му се вика новата мачка на Џамбазов?!

 

 

To top