Радио Милева

Луна се расплака пред камери: „Животот ми стана шпанска серија!“ (фото)

Луна се расплака пред камери: „Животот ми стана шпанска серија!“ (фото)

Луна Ѓогани зборуваше за третата сезона на реалното шоу „Задруга“, па одеднаш почна да плаче кога го виде клипот од шоуто каде што учествуваше и победи.

“Ова беше мојот живот, ме смени за една ноќ. Станав различна личност и многу ми се допаѓа тоа. Горда сум на себе, не сакав да плачам. Чудно е што не се видов себеси во најавата, сè ми се враќа. Се погледнав себеси во огледало и сфатив колку научив. Јас сум толку силна личност и борбена, сама успеав и сум им благодарна на сите што ме доведоа овде. Луѓето исто така ме сакаат затоа што не можам да ги сокријам моите емоции, но ова е навистина среќа што успеав. Благодарна сум на моето семејство, мајка ми и на сите што се дел од мојот живот “, изјави таа пред „Народ пита“ и додаде:

фото:принтскрин/тв пинк

“Се сеќавам колку бев изгубена девојка и дојдов во придружба на семејството, а потоа животот ми се претвори во шпанска серија. Овие беа солзи на радосници”, раскажа Луна Ѓогани која наскоро ќе ги има првите настапи во својата музичка кариера кои ќе започнат од Македонија, односно од Струмица и Кавадарци.

фото:принтскрин/тв пинк
To top