Луна Ѓогани и Анабела Атијас не престануваат со кавгите и по завршувањето на „Задруга“.
Имено, тие беа гости во една емисија во која кавгата започна кога Анабела се обиде да и го земе телефонот на ќерката.
„Јас гледав клипови каде што таа се’ и сешто зборува за мене. Јас би се да повлечам, но не беше сјајно и од другата страна. Немам проблем да го гледам ова, да ме криктикуваат, плукаат..“, почна Ѓогани во „Задруга, народот прашува“, па продолжи:
„Никогаш не би си го дозволила ова ако не бев револтирана. Жал ми е што луѓето мислат дека сум ваква личност, во животот ги немам навредено мама и тато, но ми е жал што се прикажани некои други работи. Не мислам дека сум најлоша ќерка на светот, покажав дека сум најдобра“ изјави Луна.
„Јас целата оваа сезона се трудев да докажам дека не си најлоша ќерка, но ти ниту во еден момент не кажа: „Ни мајка ми не е таква“, се надоврза Анабела.
„Не ме заштити. Јас немам потреба да се правам на некоја жена (мислејќи на фановите кои се јавија во емисија). Таа мисли дека сум невоспитана…Сега си мирна…Ти не треба да се докажуваш на другите, туку самата на себе“, изјави Луна.
„Не сме во добри односи и нема да бидеме со додека таа ме гледа како реалити учесничка. Јас те родив. Дали мислиш дека постои дете кое може да се меша во односот на родителите“, остро одговори Атијас.
„Јас мислев дека може да ја надминеме „Задруга“, но очигледно не можеме“, настави Луна во свој стил.
„Ти имаш голема поддршка, затоа така се однесуваш со мене….Ајде дај ми го телефонот“, викна Атијас.
„Нема. Да ги гледаш моите интимни пораки со моето момче? Зошто да се оправадам на некој? Марко и јас не се допишуваме, ние живееме заедно“, изјави Луна и додава:
„Марко и јас уживаме, се обидувам да го извлечам отровот од мене, да продолжам понатаму, а тоа ќе го постигнам кога ќе заминам некаде и ќе го исклучам телефонот“.
„Јас мислев дека некој и дава инстркуции преку телефонот. Се’ се префрлува на мене. Беше кај мене, но не разговараме, што се однесува до мене се е ставено под тепих“, изјави Анабела.
„Таа во мојот стан може да дојде кога ќе посака“, одговори Ѓогани.
„Не ми се јави, ми кажа дека ќе дојде кај мене, дека ќе се видиме во кафуле…Возрасна е, ја разбирам“ продолжи Анабела.
Потоа, кога почнаа да разговараат за поубавите денови и колку си биле поддршка една на друга, Анабела се расплака пред сите.