Радио Милева необично

Луна Ѓогани го слави 27. роденден: Анабела и Гаги и испратија емотивни зборови, но од Марко ни трага ни глас (фото)

Луна Ѓогани го слави 27. роденден: Анабела и Гаги и испратија емотивни зборови, но од Марко ни трага ни глас (фото)

Поранешната учесничка на реалното шоу „Задруга“ Луна Ѓогани денеска го слави својот 27 роденден, а нејзините најблиски и испратија најубави честитки на Инстаграм.

Многубројните пријатели и обожаватели ја искористија приликата да и упатат најубави желби веднаш по полноќ, но најголемо внимание привлекоа оние што ги доби од членовите на нејзиното семејство кои се и најемотивни.

– Нема подобра пријателка на светот од сестра. Среќен роденден, те сакам засекогаш – напиша нејзината сестра Нина во описот на видеото од детството кое го сподели.

Танчерот Гаги Ѓогани направи емотивно видео за својата сакана Луна со нивни заеднички фотографии и видеа.

Сепак, најемотивната објава дојде од нејзината мајка Анабела, која и даде силни зборови.

– Мојата прва љубов, мојот најдобар пријател, мојата прекрасна душа, блескава ѕвезда, еден од најблагородните луѓе на светот, најдобрата сестра и нај  нај мама  Среќен прекрасен ден! И не само ова, туку ти посакувам секој ден од твојот живот да биде лесен, полн со љубов и разбирање, полн со смеа и благосостојба. Веќе ги жнееш плодовите на твојата добрина, а најдоброто допрва доаѓа. Ти благодарам за секој ден од твојот живот 27 години, со тебе го запознав светот на поинаков начин од денот кога те запознав, со тебе растев и научив.  Би го направила сето тоа одново, затоа што те сакам таква каква што си! Мојата сакана Луна, мојата месечина, те сака мајка ти! – напиша Анабела.

Сепак, нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ јавно не и го честиташе роденденот на Луна, што изненади многумина.

To top