Ријалити учесниците Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ ќе станат родители.
Тие неодамна се свршија, а сега на својот Јутјуб канал објавија видео на кое се гледа како Луна му ја соопштува веста на Марко дека бебето доаѓа.
Идните родители објавија дека се пресреќни, а Марко иако во шок порача дека ќе бидат подобри родители од што многумина мислат.
-Многу сум среќен и горд што ќе станеме родители. Ова е нешто што долго го чекавме и на што се радувавме. Полот не ми е важен, како што се вели во народот, само нека е живо и здраво, е првата изјава на идниот татко за „Ало“.рс.
Првите честитки пристигнаа од нивните семејства, а следеа и оние од блиските пријатели.