Радио Милева

Луна Ѓогани се повлекува од јавност: „Згрешив што влегов во „Задруга“

Луна Ѓогани се повлекува од јавност: „Згрешив што влегов во „Задруга“

Луна Ѓогани го напушти реалното шоу „Задруга“, па проговори за семејните односи, но и плановите за иднина.

Луна во „Премиера – викенд специјал“, откри дека по излегувањето од реалното шоу се видела со Андреј Атијас, а потоа искрено проговори за семејството и нејзиното момче Марко Миљковиќ.

„Ми недостигаше музиката, се привикнувам, но се чувствувам добро“, изјави на почетокот.

„Кога излегов некои работи ми се појасни. Мислев дека никој нема да ме разбере. Сите го сфатија моето однесување, луѓето кои ме познаваат не ме осудија. Ме разбираат“, вели Ѓогани, па истакна дека погрешила што влегла во „Задруга“.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Моја грешка беше што воопшто влегов. Прва причина беше тоа што сакав да го зачувам Марко. Ги обвинувам Анабела и Гаги бидејќи некои работи можеа да бидат поразлични. Тешко ми е кога си во таков однос. Најмногу ми е жал за Нина. Ја прашав дали ми е лута и дали ми забележува нешто. Таа е предобра девојка. Ми кажа се’ што ми забележува и не е лута на мене. Најтешко и паѓа што Гаги и Анабела се во лош однос“.

Луна вели дека Марко ја испочитувал по нејзиното излегување.

„Му реков на Марко да не кара со нив, гледам дека ме испочитува. Можеби ќе бидам со Марко цел живот, можеби не, но тие се мои родители. Марко не требаше да направи некои работи“, вели Луна.

фото: принтскрин/јутуб

Таа откри дека се видела и со Андреј Атијас, поранешниот сопруг на Анабела.

„Се видов со Андреј, бевме на ручек. Тој ме разбира, не му се допадна моето однесување. Ми даде поддршка. Се грижи за мајка ми, не е лут на неа. Ја сака и почитува“, вели Ѓогани.

Ексклузивно откри дека се повлекува на некое време.

„Ќе се повлечам на некое време, тоа ќе биде време кое мене ми одговара. Не знам колку, психички морам да бидам во ред. Не ми е срам да кажам дека ќе побара помош од стручно лице. Потребан ми е одмор, ќе заминам  на мирно место каде што нема телефони и луѓе. Се надевам дека сите ќе ме разберат. Марко ќе биде дел од тоа“ изјави Луна во емисијата.

To top